Во лоша здравствена состојба е четиригодишното дете од кичевско Бачишта, кое е ставено на машини за дишење.
Пред три дена детето беше нападнато од група кучиња кога сакало преку нива да отиде со соседната куќа каде бил неговиот татко. По нападот тоа било пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
– Нема место на телото каде што детето не било распарано. По неколкучасовната операција остана без еден бубрег и слезина – велат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.