Женската јуниорска репрезентација на Македонија славеше убедлива победа против Молдавија со 44-25 во вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2017 во Словенија (У19). По стартниот пораз од Унгарија, македонските јуниорки денеска одиграа многу посигурно и ја потврдија фаворитската улога против многу послабата селекција на Молдавија која вчера беше поразена и од Фарски Острови (33-15). Уште по првиот дел, македонската репрезентација имаше водство од 22-10, а во вториот дел го потврди триумфот со убедливи 19 гола разлика.
Со оваа победа, избраничките на селекторот Борче Марковски, се чекор поблиску до пласман на ЕП. Утрешниот дуел меѓу Македонија и Фарски Острови (19.30 ч.) ќе биде решавачки за второто место во групата кое носи пласман на ЕП.
Унгарија во вториот натпревар славеше убедливо против Фарски Острови со 41-16 и го осигура првото место во оваа квалификациска група. Пласман на ЕП во Словенија обезбедуваат првите две репрезентации во групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.