Мајте Гарсија, поранешна сопруга на прочуениот музичар Принс, ги објави своите мемоари во кои открива потресни детали од нивниот заеднички живот, кој го одбележала една трагедија.
Мајте имала само 22 години кога на Денот на вљубените во 1996 година се омажила за тогаш 37-годишниот Принс, на кој му била танчерка при настапите.
Мајте во биографијата открива дека таа и Принс со години се обидувале да добијат дете. Желбата им се остварила на 16 октомври 1996 година кога се родил Амир, еден месец пред терминот. Гарсија имала нормална бременост сè додека еден ден не прокрвавeла. Докторот им советувал да направат амниоцинтеза, за да проверат дали детето страда од генетско нарушување. Принс го одбивал тоа. Денот кога Мајте се породила Принс бил пресреќен.
Сепак насмевката од неговото лице исчезнала кога дознале дека момчето има ретко генетско нарушување, Фајверов синдром тип 2.
-Ни го донесоа бебето. Беше стуткано и тешко дишеше. Немаше капаци на очите, па тие изгледаа суво и уплашено. Фајверовиот синдром предизвикува абнормалности на целиот скелет и организам, но тоа го научив подоцна. Во прв момент не сфатив што гледам – пишува Гарсија
Нивното дете никогаш не излегло од болница. По раѓањето било подложено на операции за да му се продолжи животот, но, за жал, шесет дена подоцна бебето починало. Мајте пишува дека отишла дома и со денови лежела во кревет држејќи ја пепелта на синот во прегратки . Принс го напуштил домот откако ја добиле урната со пепел на своето дете. Нивната љубов не успеала да закрепне по оваа трагедија, а на денот кога требало да ја одбележет тригодишнината од својата љубов, судијата го одобрил поништувањето на бракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)