| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате

Во новиот број на Република што е во продажба од утре, 17 март 2017 година, ќе читате:

 

Nedelnik-REPUBLIKA-br237-520px

Вашингтон го менува курсот на Балканот 
Бејли ќе одговара пред Американците, Заев пред Македонците
Пра­ша­ње на вре­ме е ко­га Зо­ран За­ев, ко­неч­но, ќе раз­бе­ре де­ка не­го­ва­та суд­би­на е во ра­це­те на на­ро­дот. Ве­ро­јат­но во исто вре­ме ко­га ќе сфа­ти де­ка ве­ќе не мо­же да се пот­пи­ра на под­др­шка­та од „ча­до­рот“, кој до­се­га го шти­те­ше од гра­ѓа­ни­те и од ин­сти­ту­ци­и­те за да го одра­бо­ти пла­нот за раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та. Ви­стин­ски­от ли­дер на опо­зи­ци­ја­та во зем­ја­ва, ам­ба­са­до­рот Џес Беј­ли, има мно­гу по­го­ле­ми проб­ле­ми од бра­не­ње­то на За­ев од ма­ке­дон­ски­от на­род. Беј­ли ту­ку­што до­би нај­а­ва за пет­та истра­га за не­го­ва­та ра­бо­та, овој пат од шест се­на­то­ри, ме­ѓу кои и се­на­то­рот од Те­ксас, по­ра­не­шен пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат, Тед Круз. Не­за­до­волс­тво­то на кон­грес­ме­ни­те и на се­на­то­ри­те од ра­бо­та­та на ам­ба­са­до­рот во Ма­ке­до­ни­ја нед­вос­мис­ле­но по­ка­жу­ва де­ка Ва­шин­гтон го ме­ну­ва кур­сот во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја. Во­оп­што не се сом­не­вам де­ка истра­жи­те­ли­те ќе дој­дат до мно­гу кон­крет­ни од­го­во­ри за уло­га­та на Беј­ли и на пер­со­на­лот од ам­ба­са­да­та во по­ли­тич­ка­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја. Мо­же­би ќе по­ми­не вре­ме до­де­ка ма­ке­дон­ска­та јав­ност да ги чуе де­та­ли­те од истра­га­та, но се­кој што са­ка да се уве­ри ка­ко функ­ци­о­ни­ра­ла ад­ми­ни­стра­ци­ја­та во Ва­шин­гтон пос­лед­ни­ве го­ди­ни, ка­ков при­ти­сок вр­ше­ла врз вла­да­та во Ма­ке­до­ни­ја и кој е ви­стин­ски­от грев на Ни­ко­ла Гру­ев­ски и на не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, до­вол­но е да ја пре­ба­ра ар­хи­ва­та на „Ви­ки­ликс“.

Албанците ја губат поддршката од САД  
Платформата го води регионот кон катастрофа
Не­кол­ку на­ста­ни од на­ше­то најб­ли­ско оп­кру­жу­ва­ње што се слу­чи­ја за ре­чи­си ед­на не­де­ла ди­рект­но вли­ја­е­ја на тоа го­лем број гра­ѓа­ни ко­неч­но да сфа­тат де­ка ѓа­во­лот ја од­не­сол ше­га­та и де­ка на­ста­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да се гле­да­ат ка­ко по­вр­за­ни со тоа што се слу­чу­ва во Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во и во Јуж­на Ср­би­ја. На уште по­го­лем број гра­ѓа­ни тре­ба да им е јас­но де­ка  ду­ри и при­фа­ќа­ње­то на це­ла­та ал­бан­ска пла­тфор­ма на Еди Ра­ма од стра­на на Зо­ран За­ев не­ма да ги сми­ри ве­ли­ко­ал­бан­ски­те ас­пи­ра­ции на при­вр­за­ни­ци­те на При­зрен­ска­та ли­га кои сѐ уште се на­де­ва­ат на спро­ве­ду­ва­ње на ми­тот за ед­на др­жа­ва за си­те Ал­бан­ци. Ду­ри и во ус­ло­ви ко­га нај­го­лем број од нив­ни­те со­на­род­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја се свес­ни де­ка тоа е ка­та­стро­фал­но сце­на­рио за си­те во ре­ги­о­нот, но, пред сѐ, за нив. Да се по­тсе­ти­ме, за вре­ме на конф­ли­ктот во 2001 го­ди­на од вкуп­но 7500 уни­ште­ни или де­лум­но раз­ур­на­ти ку­ќи во криз­ни­те ре­ги­о­ни, око­лу 90 про­цен­ти беа во сопс­тве­ност на Ал­бан­ци.

Хипокризијата на МАНУ
Академик Ќулафкова го брани СДСМ место јазикот
Во вре­ме на бу­де­ње на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, вре­ме ко­га од ту­ѓа др­жа­ва ни се вр­ши ди­ре­ктен упад во уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та и на по­сто­е­ње­то, чи­ја­што ја­ло­вост ќе за­ви­си са­мо и единс­тве­но од нас и од ре­ак­ци­ја­та на исти­от тој на­род, се нај­де ака­де­мик што про­го­во­ри кон­тра си­те иден­ти­тет­ски остав­ни­ни. А пред са­мо две-три го­ди­ни, па би­ле и че­ти­ри, тој ака­де­мик или ака­де­мич­ка тол­ку мно­гу се за­ла­га­ше за нив?! Чуд­на­та транс­фор­ма­ци­ја, по­доб­на на Сти­вен­со­ви­от „До­ктор Џе­кил и гос­по­дин Хајд“, за кој мал­ку­ми­на зна­ат де­ка во ори­ги­нал е нас­ло­вен ка­ко „Чуд­ни­от слу­чај на до­ктор Џе­кил и на гос­по­дин Хајд“, се­пак, не е од вче­ра и, ве­ро­јат­но, си има свое зо­што. Да, чу­ден слу­чај, не­ма што. За не­чи­ја жал, слич­но на сло­но­ви­те, но и на стра­дал­ни­от на­род, и ние ги чу­ва­ме во спо­мен ло­ши­те ра­бо­ти. По но­во, на тврд диск, а по ста­ро, во умот. Кол­ку да не за­бо­ра­ви­ме, не­ли…

СЈО тргна по медиумите 
Специјални сили за насилна федерализација
Не­у­став­на­та ка­те­го­ри­ја СЈО, со не­у­став­на ала­тка – не­ле­гал­ни сним­ки, трг­на во од­бра­на на не­у­став­на дво­ја­зич­ност и на ури­ва­ње на уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та! Ини­ци­јал­на­та ка­пис­ла е са­мо­мо­би­ли­за­ци­ја­та на јав­но­ста про­тив тој план. Пла­нот Б, ста­ра­та до­бра та­кти­ка со  ме­ѓу­ет­нич­ки су­дир, е но­ва­та ман­тра на ме­ди­у­ми­те на Со­рос/КАН­ВАС, кои бр­зо, пре­ку СЈО, тре­ба да го за­зе­мат це­ли­от ин­фор­ма­ти­вен про­стор за по­тоа да ја оправ­ду­ва­ат ме­ѓу­на­род­на­та ин­тер­вен­ци­ја и на­ло­же­на­та фе­де­ра­ли­за­ци­ја ка­ко „од­лич­но ре­ше­ние“

Колумна, Љупчо Пренџов
Вре­ме­то е на на­ша стра­на!
Кри­за, пла­тфор­ма, про­во­ка­ции. Тоа се три­те кон­стан­ти што де­цид­но ја де­фи­ни­ра­ат ма­ке­дон­ска­та ствар­ност во из­ми­на­ти­те две го­ди­ни, но кул­ми­на­ци­ја­та, или пи­кот, ја до­стиг­наа во пос­лед­ни­те два-три ме­се­ци. Сле­ду­ва пер­и­од на „из­ди­шу­ва­ње“.
Но, да оди­ме ге­не­рич­ки или хро­но­ло­шки. Пр­жин­ски­от до­го­вор, кој тре­ба­ше (или ба­рем нѐ убе­ду­ваа де­ка тре­ба­ше) да го раз­ре­ши по­ли­тич­ки­от ја­зол во др­жа­ва­та на кра­ток, ама и на по­долг рок, по­ка­жа и се до­ка­жа де­ка не е са­мо го­ле­ма „пр­жин­ска из­ма­ма“, ток­му ка­ко што го име­ну­ва­ше Гра­ѓан­ска­та оп­ци­ја за Ма­ке­до­ни­ја (ГРОМ), ту­ку и ини­ци­јал­на кап­су­ла на отво­ра­ње на ед­на но­ва Пан­до­ри­на ку­ти­ја, во ко­ја на дно­то оста­наа са­мо по­ли­тич­ки­от ни­хи­ли­зам и про­во­ка­ци­и­те, ек­стрем­ни­от на­ци­о­на­ли­зам кој до­би лик и те­ло во ти­ран­ска­та пла­тфор­ма и це­лос­на де­зин­сти­ту­ци­о­на­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та.

Колумна, Ацо Станковски
За­ед­ниш­тво
Го­ле­ми­те, се­га ве­ќе на­пум­па­ни пла­не­ри во из­ди­шу­ва­ње, та­ка­на­ре­че­на­та „ме­ѓу­на­род­на“ во за­ми­ну­ва­ње, на­пра­ви­ја го­лем пре­вид во сво­ја­та фи­нал­на точ­ка за дисoлу­ци­ја на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва.
Пр­во, овој про­ект се дви­же­ше го­ре-до­лу по­вол­но по вол­ја­та на „ча­до­рот“, но во фи­ни­шот му се слу­чи она од што најм­но­гу се пла­ше­ше, а што нај­мал­ку го оче­ку­ва­ше. Тоа бе­ше бу­де­ње­то и до­сто­инс­тве­ни­от про­тест на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, на кои им дој­де пре­ку гла­ва од без­број­ни­те ма­хи­на­ции и тор­мо­зе­ња од са­ма­та не­за­вис­ност на Ре­пуб­ли­ка­ва, па до­се­га.
Гле­дај­ќи ре­тро­а­ктив­но, ѝ се чу­дам на тр­пе­ли­во­ста на овој на­род. По сѐ, тоа е та­лент бла­гос­ло­вен од не­бе­са­та, но по­не­ко­гаш таа бе­скрај­на тр­пе­ли­вост и не­по­ко­леб­лив сто­и­ци­зам ми изг­ле­даа ка­ко ку­ка­вич­лак и иди­о­ти­зам.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top