Поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека идејата, односно иницијативата на групата интелектуалци за прекин на преговорите со Грција е оправдана и треба да се поддржи. Со тоа, како што вели Никовски за „Дојче веле“, ќе се испрати јасен сигнал до Западот кај кого лоцира дел од одговорноста за актуелните состојби.
– Иницијативата на интелектуалците заслужува целосна поддршка. Вашингтон, помогнат од Брисел, треба да сфати дека веќе 20 години си игра и ја малтретира Македонија. Се игнорираат повелбата на Организацијата на обединети нации, пресудата на Меѓународниот суд во Хаг. На сметка на нечии тесни интереси се спроведува бескурпулозна политика на сила, чија жртва е македонскиот народ. Крајно време е тоа да престане – коментира Никовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


