| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате

Во новиот број на неделникот Република ќе читате:

naslovna_REPUBLIKA-br236-520px

 

ДУИ по­твр­ди
За­ев при­фа­ти сѐ од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма
Еден ден со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та вр­ху­шка ќе мо­ра да од­го­во­ри што и кој на­ви­сти­на стои зад про­е­ктот за ури­ва­ње на др­жа­ва­та. Што ви­доа по­зи­тив­но во ра­бо­те­ње­то на Ари­фи и на Ме­џи­ти, за кон­цеп­тот во оваа пла­тформ­ска љу­бов да го прес­ли­ка­ат на це­ла др­жа­ва? И овој брак од ин­те­рес ќе оста­ви пи­ша­ни до­ка­зи пот­тик­на­ти од ме­ѓу­себ­на­та не­до­вер­ба. Vеrba volant , scripta manent, исто ка­ко до­го­ва­ра­ње­то ме­ѓу две­те пар­тии за те­ри­то­ри­јал­но­то кро­е­ње за др­жа­ва­та.

Пла­нот „Б“ е др­жа­вен удар?
Државата ќе ја уриваат со влада без мандат
Иг­но­ри­ра­ње­то на ба­ра­ња­та на 100.000 ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни, кои се­којд­нев­но про­те­сти­ра­ат про­тив ал­бан­ска­та пла­тфор­ма и при­ста­пу­ва­ње­то кон не­ка­ков план „Б“ за фор­ми­ра­ње вла­да (без ман­дат од пре­тсе­да­те­лот), ко­ја тре­ба да ги спро­ве­де точ­ки­те од пла­тфор­ма­та, очиг­лед­но, ќе би­дат пос­лед­ни­те по­ли­тич­ки по­те­зи на Зо­ран За­ев, кој е бо­лен за власт. Не­при­фа­ќа­ње­то на по­ну­да­та на Гру­ев­ски да до­бие под­др­шка од 51 пра­те­ник во за­ме­на за од­би­ва­ње на ул­ти­ма­тив­ни­те ба­ра­ња на ал­бан­ски­те пар­тии, кои во­дат кон рас­пад на др­жа­ва­та, е, мо­же­би, нај­сил­ни­от ар­гу­мент де­ка „вра­ќа­ње­то на де­мо­кра­ти­ја­та“ и „рас­чи­сту­ва­ње­то со кри­ми­на­лот на ВМРО-ДПМНЕ“ се са­мо из­го­вор, од­нос­но де­ка це­ла­та кри­за е са­мо „чи­сте­ње на те­рен“ за ис­пол­ну­ва­ње на глав­на­та цел на сце­на­ри­сти­те – раз­не­би­ту­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја. Лаж­на­та са­мо­до­вер­ба што му ја да­ва­ат „при­ја­те­ли­те од над­вор“ во на­со­ка на фор­ми­ра­ње вла­да по се­ко­ја це­на са­мо го за­бр­зу­ва про­це­сот на не­го­во­то по­ли­тич­ко са­мо­у­бис­тво, а др­жа­ва­та ја вне­су­ва во уште по­го­ле­ма кри­за, ко­ја мо­же да до­ве­де до се­ри­оз­ни пос­ле­ди­ци за неј­зи­ни­от оп­ста­нок.

Наградно прашање до ЕУ: кој си игра со огнот што вие го распаливте?
Не­до­вет­на од­бра­на на не­од­бран­ли­во­то
Со­о­че­ни со проб­ле­мот на­ре­чен „да­ден зад­ник под ки­ри­ја“ со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те че­да и нив­ни­те искомп­ле­кси­ра­ни стра­те­зи вле­гоа во се­ри­ја ди­гре­сии и го пра­веа тоа што нај­до­бро го уме­ат. Ома­ло­ва­жу­ваа, ла­жеа, из­вр­ту­ваа, де­вал­ви­раа, ди­гаа тен­зии, се­чеа и ле­пеа, кро­е­ја и го­твеа, изоб­ли­чу­ваа и ва­деа од кон­текст. При­тис­на­ти од те­жи­на­та на по­и­мот на­род на ули­ца (на­стра­на, мно­гу, прем­но­гу убав на­род на ули­ца) са­мо­бен­ди­са­ни­те „мај­сто­ри“ на илу­зи­ја­та ги упо­тре­би­ја си­те свои ре­сур­си и бол­на фан­та­зи­ја за да го за­се­нат и зат­скри­јат бу­де­ње­то, ама по­пу­сто. Сме­тки­те им ги по­ма­ти ед­на гор­да пле­ја­да нај­доб­лес­ни и врв­ни ма­ке­дон­ски ин­те­ле­кту­ал­ци, акте­ри, опер­ски пе­ја­чи, му­зи­ча­ри, врв­ни спор­ти­сти, пе­ја­чи, ре­жи­се­ри, уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри, пи­са­те­ли и кој уште не. Се­то тоа за­чи­не­то со сто­ти­ци ил­ја­ди убав, спо­ко­ен и раз­бу­ден на­род…

Колумна, Горан Момироски
За­ев нѐ тур­ка во конф­ликт со Ср­би­ја и со Бу­га­ри­ја
Во ју­ни ми­на­та­та го­ди­на, на ин­ци­ја­ти­ва на гер­ман­ски пар­тии, ЦДУ на Мер­кел, ба­вар­ска­та ЦСУ и „Зе­ле­ни­те“, гер­ман­ски­от Бун­де­стаг усвои ре­зо­лу­ци­ја со ко­ја ма­са­крот врз 1,5 ми­ли­он Ер­мен­ци во те­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на од стра­на на Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја се оз­на­чу­ва ка­ко ге­но­цид. Отто­гаш до се­га Гер­ма­ни­ја и Тур­ци­ја ми­ну­ва­ат низ нај­тур­бу­лент­на­та фа­за во сво­и­те дол­ги при­ја­тел­ски и бли­ски од­но­си, цвр­сто гра­де­ни уште пред Пр­ва­та свет­ска вој­на, ко­га Бер­лин бе­ше бли­зок со­јуз­ник со Ан­ка­ра. Гер­ма­ни­ја и Тур­ци­ја се од­да­ле­че­ни око­лу 2.000 ки­ло­ме­три, а омра­за­та што ја до­не­се ре­зо­лу­ци­ја­та на Бун­де­ста­гот на Бо­сфор смр­ди од да­ле­ку и бе­ше при­чи­на за уште нај­мал­ку пет дип­ло­мат­ски ин­ци­ден­ти ме­ѓу две­те др­жа­ви. Ка­ква ли омра­за ќе се ро­ди во Ср­би­ја и во Бу­га­ри­ја до­кол­ку За­ев на ба­ра­ње на ДУИ, Бе­са и на Се­ла изг­ла­са ре­зо­лу­ци­ја со ко­ја срп­ски­те вла­сти ме­ѓу две­те свет­ски вој­ни и бу­гар­ски­те вла­сти во те­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на би­дат обвинети за ге­но­цид, од­нос­но де­ка си­сте­мат­ски ко­ри­сте­ле др­жав­ни ре­сур­си за да го уни­штат ал­бан­ски­от на­род на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја.

Колумна, Никола Србов
Да­ли, спо­ред За­ев, ан­ти­фа­ши­сти­те тре­ба да им се из­ви­нат на на­ци­сти­те?
Ин­те­рес­но, во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја поч­ну­ва пре­вр­ту­ва­ње на исто­ри­ја­та за 180 сте­пе­ни. Со ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, ко­ја СДСМ са­ка да ја спро­ве­де во Ма­ке­до­ни­ја, се пра­ви пре­се­дан од свет­ски раз­ме­ри. Во точ­ка­та ка­де што тре­ба да се об­ви­ни­ме ние са­ми­те за не­ка­ков ге­но­цид врз Ал­бан­ци­те, на ве­штач­ки на­чин ја ме­ну­ва­ме исто­ри­ја­та од пер­и­о­дот на Вто­ра­та свет­ска вој­на.
Во Вто­ра­та свет­ска вој­на Ма­ке­дон­ци­те за­ста­наа на стра­на­та на ан­ти­фа­ши­стич­ка­та ко­а­ли­ци­ја бо­реј­ќи се про­тив фа­шиз­мот. Де­не­ска во Ма­ке­до­ни­ја има обид ан­ти­фа­ши­сти­те да би­дат об­ви­не­ти за ге­но­цид из­вр­шен врз фа­ши­сти­те. Ова се не­ма слу­че­но ни­ка­де до­се­га, ва­ка ка­ко што е по­ста­ве­на пла­тфор­ма­та, би стиг­на­ле до зак­лу­чок де­ка Евре­и­те тре­ба да им се из­ви­нат на на­ци­сти­те де­ка, всуш­ност, тие из­вр­ши­ле ге­но­цид врз нив, а не де­ка на­ци­сти­те отво­раа кон­цен­тра­ци­ски ло­го­ри.

Колумна, Ацо Станковски
Мак-пат
Обич­но, си­ту­а­ци­и­те што ста­ну­ва­ат не­реш­ли­ви, без­из­лез­ни и фи­кси­ра­ни за со­стој­ба­та во ко­ја заг­ла­ви­ле, а за ко­ја не­ма ни­ка­кво ре­ал­но ре­ше­ние, ги на­ре­ку­ва­ат пат-по­зи­ции. Овој тер­мин „пат“ е пре­зе­мен од ша­хов­ска­та тер­ми­но­ло­ги­ја и оз­на­чу­ва не­воз­мож­ност за про­дол­жу­ва­ње на игра­та бидeјќи кра­лот на­шол тол­ку до­бра стра­те­ги­ска по­зи­ци­ја, што про­тив­нич­ка­та „ар­ма­да“, иа­ко е мно­гу­крат­но по­сил­на на „те­ре­нот“ и ве­ќе ги по­бе­ди­ла вој­ски­те на кра­лот гу­бит­ник, се­пак не мо­же да ја из­во­ју­ва по­бе­да­та. Ду­ри мо­же и тој, кој имал тол­ку го­ле­ма ма­те­ри­јал­на и стра­те­ги­ска пред­ност, во оваа си­ту­а­ци­ја да би­де ак­цеп­ти­ран ка­ко гу­бит­ник, со ог­лед на тоа што за­гу­бил до­би­е­на по­зи­ци­ја.

ИНТЕРВЈУ: Ненад Танески, уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор, до­ктор на безбедносни на­у­ки
Со ал­бан­ска­та пла­тфор­ма За­ев го вра­ќа дол­гот
По пр­ви­те об­ја­ве­ни не­ле­гал­но прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри од стра­на на Зо­ран За­ев во фе­вру­а­ри 2015 го­ди­на, ре­тко кој има­ше хра­брост глас­но да збо­ру­ва за тоа што се крие зад „ча­дот“ од „бом­би­те“ на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та, а уште по­мал­ку да прог­но­зи­ра ко­га мо­же да се оче­ку­ва расп­лет на кри­за­та и нор­ма­ли­зи­ра­ње на со­стој­ба­та. Еден од ре­тки­те што уште то­гаш нај­а­ву­ва­ше „долг пер­и­од на по­ли­тич­ка не­ста­бил­ност“ е уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор Не­над Та­не­ски, кој во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ оце­ни де­ка ста­ну­ва збор за „го­ле­ма игра на го­ле­ми свет­ски акте­ри“, а не­го­ви­те про­це­ни беа де­ка „кра­јот на кри­за­та не мо­же да се ви­ди пред 2018 го­ди­на“. До­кто­рот на без­бед­нос­ни на­у­ки, два ме­се­ца по по­че­то­кот на об­ја­ву­ва­ње на бом­би­те, исто та­ка, пре­ду­пре­ди де­ка „За­ев ќе ста­не за­лож­ник на сво­и­те „при­ја­те­ли од над­вор“ и нај­а­ви: „ако еден ден овој чо­век дој­де на власт, по­го­лем дел од сво­ја­та ра­бо­та ќе мо­ра да го по­све­ти на стран­ски­те раз­уз­на­вач­ки служ­би, на кои ќе им дол­жи го­ле­ми ус­лу­ги“. Во интервју за новиот број на Република, Танески анализирајќи ја моменталната политичко-безбедносна ситуација во Македонија вели:

– Во мо­мен­тов Евро­па не по­са­ку­ва конф­ликт. Проб­ле­мот со бе­гал­ци­те са­мо се зго­ле­му­ва, ве­ро­јат­но та­ка и ќе про­дол­жи, па си­гур­но не им тре­ба и нов бран бе­гал­ци. Кај вна­треш­ни­те суб­је­кти, по­втор­но, не мис­лам де­ка по­стои ин­те­рес и под­го­тве­ност за ме­ѓу­ет­нич­ки конф­ликт. Се­пак, кол­ку-тол­ку 2001 го­ди­на нѐ на­у­чи де­ка чо­веч­ки­те жр­тви не­ма­ат це­на, а на кра­јот сѐ за­вр­шу­ва на тр­ка­лез­на­та ма­са. САД, од дру­га стра­на, се­га има­ат вна­треш­ни проб­ле­ми, но и по­се­ри­оз­ни проб­ле­ми во Па­ци­фи­кот со Ки­на, па си­гур­но Бал­ка­нот не е при­о­ри­тет. Оста­ну­ва­ат са­мо цен­три­те на моќ за­ста­пе­ни во гру­па­ци­ја­та Бил­дер­берг во чи­ја­што аген­да и ин­те­рес, по­крај кон­тро­ла на ре­ги­о­нов, е и во­ен су­дир ме­ѓу САД и Ру­си­ја. Под нив­ни при­ти­сок офи­ци­јал­на Евро­па не ја осу­ду­ва ал­бан­ска­та Пла­тфор­ма и не ба­ра неј­зи­но пов­ле­ку­ва­ње, што во дру­ги си­ту­а­ции, си­гур­но, би се слу­чи­ло, по­себ­но ако се по­ја­ви ва­кво ба­ра­ње од ру­ско­то мал­цинс­тво во бал­тич­ки­те др­жа­ви. До­де­ка сѐ уште ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Трамп не­ма це­лос­на кон­тро­ла над раз­уз­на­вач­ки­те служ­би и ар­ми­ја­та, по­стои мож­ност да се зап­ле­тка­ат тие од­но­си пр­во ту­ка на Бал­ка­нот, по­ра­ди мно­гу­број­ни­те за­мрз­на­ти конф­ликт­ни пра­ша­ња ме­ѓу бал­кан­ски­те др­жа­ви, кои, по по­тре­ба, мо­жат да се акти­ви­ра­ат и да прет­ста­ву­ва­ат ини­ци­јал­на ка­пис­ла за за­зе­ма­ње стра­на во конф­ликт, но и по­ши­ро­ко, што би зна­че­ло конф­ликт од по­го­ле­ми раз­ме­ри, вели универзитетскиот професор Ненад Танески во интервју за Република.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top