Енергијата дома и кај нашите партнери е неопходно да се насочи кон тоа Република Македонија да добие гаранции дека членството во ЕУ е достижна цел за оваа генерација македонски граѓани, во догледно време, истакна вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на средбата со специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во рамките на Министерството за надворешни работи на Федерална Република Германија, амбасадорот Кристијан Хелбах.
Како што соопшти МНР, соговорниците ја нотираа потребата од зајакнување на европската интеграција во насока на долгорочна стабилност и просперитет на Регионот.
– Внатрешните предизвици во Унијата, мигрантската криза и заканите од екстремисти се добар потсетник за тоа колку сме поврзани со ЕУ, рече Попоски.
Hа средбата беше рeафирмирана поддршката од Германија на нашите напори кон европската интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.