| четврток, 6 декември 2018 |

Џими Хендрикс – Вуду-момчето што живееше брзо и умре младо

При­каз­на­та за Џи­ми Хен­дрикс, всуш­ност, е при­каз­на за не­го­ви­от рас­ко­шен та­лент на ком­по­зи­тор и пе­јач, но и при­каз­на за вир­ту­оз­ни­от ги­та­рист на си­те вре­ми­ња – при­каз­на за брен­дот ка­ко ги­та­ра. Ги­та­ра­та ка­ко да бе­ше ор­ган­ски дел од не­го­во­то те­ло, а зву­кот из­ле­гу­ва­ше не­по­сред­но од најд­ла­бо­ки­те ла­ви­рин­ти на ду­ша­та на овој му­зич­ки ге­ни­ја­лец. Хен­дрикс не му по­ка­жа на све­тот са­мо што сѐ мо­же да на­пра­ви со ги­та­ра во ра­це­те (сви­ре­ње зад гла­ва, под ко­ле­но, зад грб и со ја­зик), ту­ку и на це­ла ед­на ге­не­ра­ци­ја ѝ по­ка­жа ка­ко да се бун­ту­ва про­тив ма­ни­пу­ла­ци­и­те и не­прав­да­та, ка­ко единс­твен пат да се освои лич­на­та сло­бо­да. Џи­ми Хен­дрикс по­ка­жа де­ка за­ни­ма­ва­ње­то со рок-му­зи­ка не е, не мо­же и не смее да би­де са­мо обич­на за­ба­ва. Тој до­ка­жа де­ка тоа е и лич­но жр­тву­ва­ње. Мно­гу че­сто са­ми­от зна­е­ше да ка­же де­ка е ин­те­рес­но ка­ко мно­зинс­тво­то лу­ѓе ја обо­жа­ва­ат смрт­та, а, всуш­ност, се ра­ѓаш ду­ри отка­ко ќе умреш. Зна­чи, мо­раш да умреш за да те це­нат лу­ѓе­то. Да­ли на­ви­сти­на е та­ка? Ова е мо­ја­та при­каз­на за не­пре­жа­ле­ни­от ге­ни­ја­лен ги­та­рист чиј­што стил до де­неш­ни дни ни­кој не ус­пеа ни­ту да го до­стиг­не, ни­ту ба­рем приб­лиж­но да го ко­пи­ра. Тој со сво­ја­та смрт по­твр­ди де­ка мо­то­то „жи­веј бр­зо, умри млад“, се­пак. има пре­ви­со­ка це­на. Се по­ја­ви во вре­ме­то ко­га бес­не­е­ше вој­на­та во Ви­ет­нам, на ули­ци­те во Да­лас бе­ше уби­ен Џон Фиц­џе­ралд Ке­не­ди, а се­ксу­ал­на­та ре­во­лу­ци­ја ја до­стиг­на сво­ја­та кул­ми­на­ци­ја. Ток­му то­гаш му­зи­ка­та на Џи­ми Хен­дрикс ста­на сим­бол на сло­бо­да­та и на љу­бо­вта. Не­го­ва­та пр­ва се­ри­оз­на ти­неј­џер­ска љу­бов би­ла бе­ла еле­ктрич­на ги­та­ра, ко­ја ја до­бил на по­да­рок од сво­јот та­тко. Не­го­ва­та мај­ка Лу­сил, ко­ја би­ла Чи­ро­ки Ин­ди­јан­ка, го ро­ди­ла на 17-го­диш­на во­зраст, во 1942 го­ди­на, и му го да­ла име­то Џо­ни Ален, до­де­ка та­тко му Џејмс Ален Ел бил на еден од фрон­то­ви­те во Вто­ра­та свет­ска вој­на. Мај­ка му би­ла ал­ко­хо­ли­чар­ка по­ра­ди што из­вес­но вре­ме Џи­ми жи­ве­ел кај сво­и­те род­ни­ни во Ка­ли­фор­ни­ја. Ко­га имал 13 го­ди­ни, та­тко му, ве­ќе раз­ве­ден од не­го­ва­та мај­ка му, му го про­ме­нил име­то во Џејмс Мар­шал, а по­доц­на, пред да се прос­ла­ви, тој го зел име­то Џи­ми Хен­дрикс.

jimi-hendrix-3

Сло­бод­но мо­же да се кон­ста­ти­ра де­ка тој е ед­на од нај­и­стак­на­ти­те ѕвез­ди на ро­ке­нро­лот, чи­ја­што ка­ри­е­ра бе­ше ме­те­ор­ска, а му­зи­ка­та што ја сви­ре­ше, пред сво­е­то вре­ме. Со полн сјај, пр­во блес­на на на­ста­пи­те по ноќ­ни­те клу­бо­ви во Лон­дон, во пр­ва­та по­ло­ви­на на 1967 го­ди­на, а по­тоа и на фе­сти­ва­лот во Мон­те­реј во САД, на кој ја во­о­ду­ше­ви пуб­ли­ка­та и израс­на во ико­на на ро­кот. Тоа бе­ше вре­ме ко­га ро­ке­нро­лот не бе­ше са­мо обич­на за­ба­ва, ту­ку сѐ по­ве­ќе ста­ну­ва­ше еден вид бег­ство од до­сад­но­то се­којд­не­вие. Очиг­лед­но, тој имал не­при­јат­но дет­ство, факт што по­доц­на ќе ја пре­диз­ви­ка не­го­ва­та по­тре­ба се­ко­гаш да би­де во цен­та­рот на вни­ма­ни­е­то. Тоа вни­ма­ние го на­шол во љу­би­те­ли­те на блу­зот, му­зи­ка ко­ја са­ма по се­бе е соз­да­де­на на при­каз­на­та за чо­ве­ко­ва­та та­га и па­те­ње­то низ жи­во­тот. Ина­ку, на му­зич­ка­та сце­на во Лон­дон на кра­јот од 1966 го­ди­на и по­че­то­кот на 1967 го­ди­на, су­ве­ре­но вла­де­е­ја гру­пи­те Битл­си, Ро­линг­сто­ун­си и Ху, но и трој­ца врв­ни ги­та­ри­сти – Ерик Клеп­тон, Џеф Бек и Џи­ми Пејџ. По­ја­ва­та на пр­ви­от ал­бум на Хен­дрикс „Are You Experience“ (Да­ли сте искус­ни) и на ме­га­хи­тот „Hey Joe“ (Хеј, Џо) на­пра­ви­ја ви­стин­ски дар-мар на бри­тан­ска­та рок-сце­на. Си­те важ­ни лон­дон­ски ноќ­ни клу­бо­ви во тоа вре­ме ба­раа Џи­ми Хен­дрикс да сви­ри кај нив. Пуб­ли­ка­та лу­ду­ва­ше за мај­сто­рот во бел ко­стум, со ше­шир, на кој во­о­би­ча­е­но има­ше пер­дув од ној. Не­го­ви­от пси­хо­де­ли­чен блуз обо­жа­ва­те­ли­те ги фр­ла­ше во транс, а тој ка­ко му­зич­ка атрак­ци­ја бе­ше до­вол­на га­ран­ци­ја за пол­ни клу­бо­ви. По­доц­на, во Мон­те­реј на 18 ју­ни иста­та го­ди­на при­каз­на­та се по­вто­ри, па та­ка Хен­дрикс ја освои и Аме­ри­ка.

jimi-hendrix-2

Вр­ска­та ме­ѓу глас­на­та му­зи­ка и бун­тов­ниш­тво­то се по­ка­жа­ла ка­ко без­вре­мен­ска во 60-ти­те го­ди­ни на 20 век. Џи­ми Хен­дрикс екс­пе­ри­мен­ти­ра­ше со фо­ни­ја­та во не­го­ви­те ги­тар­ски со­ла. Та­ка тој ја доб­ли­жу­ва­ше ги­та­ра­та опас­но бли­ску до за­си­лу­ва­чот со цел да про­из­ве­де фо­ни­ја со ви­со­ки кри­ци и вре­со­ци. Со ко­ри­сте­ње­то на­пра­ви на вах-вах пе­да­ли­те и тре­мо­ло рач­ка­та, Хен­дрикс ги збо­га­тил ги­та­ра­та и рок-му­зи­ка­та со це­ла но­ва со­нич­на па­ле­та на зву­ци. Де­фи­ни­тив­но е точ­но де­ка тој сви­ре­ше со не­чу­е­на глас­ност и ин­тен­зи­тет ка­ко ни­кој пред не­го. На тој план тој со­ра­бо­ту­вал со бри­тан­ски­те мај­сто­ри на тон Џим Мар­шал и Ро­џер Ма­ер во раз­ви­ва­ње­то ги­тар­ски за­си­лу­ва­чи со го­ле­ма моќ­ност и со ег­зо­тич­ни ау­ди­о­е­фе­кти. Поз­нат е и по тоа што на својс­твен и спе­ци­фи­чен на­чин ги пра­ве­ше нај­го­ле­ми­те му­зич­ки ми­ксо­ви во кои на зву­ци­те од блу­зот до­да­ва­ше рок- ме­ло­дии, а блуз-ме­ло­ди­и­те ги прод­ла­бо­чу­ва­ше со ди­ви рок-то­но­ви. На по­че­то­кот не бе­ше сфа­тен би­деј­ќи тој оде­ше пре­ку си­те му­зич­ки гра­ни­ци. Со те­кот на вре­ме­то Хен­дрикс сво­јот ги­тар­ски за­на­ет го раз­ви на рок и блуз под­ло­га поз­на­та ка­ко Дел­та Ми­си­си­пи Блуз. Тој аси­ми­ли­ра­ше раз­лич­ни сти­ло­ви на сви­ре­ње и усо­вр­шу­ва­ше тех­ни­ки мно­гу по­бр­зо откол­ку кој би­ло до­то­гаш. Мно­гу до­бро е поз­на­то де­ка гле­дал фо­ку­сир­но, вни­ма­тел­но слу­шал и по по­тре­ба учел и ко­пи­рал сѐ што тре­ба­ло од дру­ги­те. Тоа, пред сѐ, се од­не­су­ва на кра­ле­ви­те на блуз-ги­та­ра­та Б.Б. Кинг и Ал­берт Кинг. Бил во­о­ду­ше­вен од Боб Ди­лан, а не­из­мер­но го по­чи­ту­вал и кра­лот на ро­ке­нро­лот Ел­вис Прис­ли. Поз­нат е по тоа што во Грин­вич Ви­лиџ пред бе­ла пуб­ли­ка го из­ве­ду­вал сво­е­то цр­неч­ко шоу – не­го­во­то сви­ре­ње на ги­та­ра кое би­ло се­ри­о­зен пер­фор­манс на не­по­втор­ли­во му­зич­ко до­жи­ву­ва­ње. Се­пак, тој на по­че­то­кот во Њу­јорк не се вкло­пу­вал. Не бе­ше до­вол­но црн за Хар­лем, но и до­вол­но бел за Грин­вич Ви­лиџ. Из­ве­ду­вај­ќи не­кои свои пес­ни, Хен­дрикс се­бе се прет­ста­ву­ва ка­ко кос­мич­ка си­ла ко­ја па­ту­ва низ те­ло­то и ду­хот, про­сто­рот и вре­ме­то. Ка­ко та­ков пуб­ли­ка­та го пер­ци­пи­ра­ше ка­ко му­зич­ки бог. Во не­го­ви­те ги­тар­ски пер­фор­ман­си на сце­на­та има­ше и при­мор­ди­јал­на еро­ти­ка, сце­ни на древ­ни кле­тви, ци­ган­ски про­рош­тва и ин­тер­га­ла­ктич­ко за­ед­ниш­тво (блуз-сешн Woodoo Chile). Всуш­ност, тој бе­ше ву­ду-мом­че (Voodoo Chile) со нај­мо­ќен ву­ду-имиџ ко­го обо­жа­ва­те­ли­те го при­фа­ќаа ка­ко ву­ду-све­ште­ник, кој пуб­ли­ка­та ја во­ди низ му­зи­ка, од­нос­но низ ри­ту­а­ли и це­ре­мо­нии. Ина­ку, не­го­ва­та му­зич­ка ка­ри­е­ра до­стиг­на кул­ми­на­ци­ја на „Три­те де­на мир и му­зи­ка“, поз­на­ти под име­то „Вуд­сток“ (15-19 август 1969 го­ди­на), ка­де што тој из­ве­де 16 му­зич­ки ну­ме­ри, а најм­но­гу е за­па­ме­тен по ги­тар­ска­та ин­тер­пре­та­ци­ја на хим­на­та на САД – Зна­ме­то на­ки­те­но со ѕвез­ди, ко­ја, спо­ред збо­ро­ви­те на Ал Аро­но­виц, му­зич­ки кри­ти­чар на „Њу­јорк пост“, прет­ста­ву­ва­ла нај­е­ле­ктри­чен мо­мент на „Вуд­сток“, а мо­же­би и нај­го­лем му­зич­ки мо­мент на 60-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Мо­же­ме да ка­же­ме де­ка кол­ку и да на­сто­ју­ва­ше Џи­ми Хен­дрикс да им од­да­де по­чит на сво­и­те цр­неч­ки ко­ре­ни (блуз и џез) по­ра­ди бе­ли­от ка­ра­ктер на сво­ја­та му­зи­ка, тој пра­ве­ше че­кор на­пред кој ни­ко­гаш и са­ми­от не го об­јас­ни. Тој екс­пе­ри­мен­ти­ра­ше со му­зи­ка­та, та­ка што не­при­страс­но ги адап­ти­ра­ше си­те фор­ми со кои до­а­ѓа­ше во кон­такт поч­ну­вај­ќи од ком­по­зи­ци­и­те на Џорџ Фри­дрих Хен­дел, пре­ку џез-ба­сот на Чарлс Мин­гус, па до џез са­ксо­фо­нот на Џон Кол­тран. Та­ка ги ком­би­ни­ра­ше африч­ки­от звук, европ­ска­та хар­мо­ни­ја и ази­ска­та по­ли­фо­ни­ја. Не са­кај­ќи да би­де ли­ми­ти­ран со гра­ни­ци­те на ро­ке­нро­лот, ни­ту со сво­и­те му­зич­ки пре­фе­рен­ции, сил­но се спро­тив­ста­ву­ва­ше на се­ко­ја мож­на ка­те­го­ри­за­ци­ја и де­фи­ни­ци­ја на не­го­ва­та му­зи­ка.

jimi-hendrix-4

Ба­рај­ќи од­го­вор на пра­ша­ње­то зо­што Хен­дрикс е прв? Мо­же­ме да ги зе­ме­ме и след­ни­ве из­ја­ви за не­го: го­ле­ми­от Б.Б. Кинг ве­ле­ше де­ка си­те ги­та­ри­сти му се ми­ли, ги са­ка, но Хен­дрикс од си­те оти­шол нај­да­ле­ку; Ајк Тар­нер са­мо кон­ста­ти­ра­ше де­ка ги­та­рист ка­ко Хен­дрикс не­ма по­втор­но да се ро­ди; Лес Хар­ви, пак, го спо­ре­ди со Боб Би­мон, кој во ат­ле­ти­ка­та скок­на 8,90 ме­три, и дол­ги го­ди­ни ни­кој не го до­стиг­на, и до­да­де де­ка на свет­ска­та сце­на сви­ре­ше са­мо три го­ди­ни, а оста­ви де­ло кое ни­кој не мо­же да го до­стиг­не и пре­стиг­не. Па, та­ка за не­го Џи­ми Хен­дрикс е Боб Би­мон на свет­ски­от ро­ке­нрол; Џеф Бек твр­ди де­ка Хен­дрикс е му­зич­ки џин кој не­ма­ше сре­ќа да си нај­де до­стој­но друш­тво (кон­ку­рен­ци­ја); а, пак, еден друг џин по име и де­ло, Мајлс Деј­вис за Хен­дрикс ве­ле­ше де­ка е еден од ре­тки­те што зна­ат да из­не­на­дат и до­да­ва де­ка оти­шол на не­го­ви­от по­греб оче­ку­вај­ќи не­кое но­во чу­до. Но, тоа, за жал, не се слу­чи. Се­пак, не­го­ви­от жи­во­тен стил – секс, дро­га и ро­ке­нрол – со те­кот на вре­ме­то поч­на да го зе­ма да­но­кот. Со пре­пол­не­ти и рас­про­да­де­ни кон­церт­ни са­ли, дој­доа и проб­ле­ми­те со за­ко­нот. Не­го­ва­та страст, хе­ро­и­нот и ха­ши­шот, по­ле­ка, по­ле­ка ја уни­шту­ва­ше не­го­ва­та бле­ска­ва ка­ри­е­ра. Во при­ват­ни­от жи­вот му се слу­чу­ва­ше сѐ и се­што: лу­ди свир­ки, кон­су­ми­ра­ње ал­ко­хол без мер­ка, пре­ку­мер­но дро­ги­ра­ње и нај­раз­лич­ни ор­гии со де­вој­ки кои го обо­жа­ваа. Не­кол­ку де­на пред не­го­ва­та смрт во ед­на од со­би­те на лон­дон­ски­от хо­тел „Са­мар­канд“, на ед­но лив­че за­пи­шал: Жи­вот­на­та при­каз­на е по­бр­за од тре­пе­ре­ње­то на око­то, тоа е при­каз­на за љу­бо­вта… до ви­ду­ва­ње или збо­гум, до­де­ка по­втор­но не се срет­не­ме….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top