По спектакуларната светска премиера на балетот „Клеопатра“, со која примабалерината Александра Мијалкова прослави јубилеј, 25 години уметничка дејност, гостува во Центарот за култура-Битола. Како што информираат оттаму билетите биле веднаш распродадени.
За „Клеопатра“, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф, Павол Јураш, Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција.
Во главните улоги настапуваат првенците, Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили-Цезар и Бобан Ковачевски- Марко Антоние.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.