На 6 ноември (вторник) со почеток во 20 часот на сценаѕа на Македонкста опера и балет ќе биде изведен балетот „Метаморфоза“.
Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти. Делото се бави со соматското истражување низ техниките и анти-техниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е јукстапозиција на кохерентното, иако се бави со симетрија и асиметрија во кореографијата, но и во изведбата. Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет, односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и де-вертикализирано.
Мислата го дава импулсот за процесот на движење да започне. Телото го создава звукот.
Танцувањето ја материјализира музиката, и дава форма. Трансформацијата може да се случи.
Може да биде аметаболична, хемиметаболична или хомометаболична…од нас зависи.
Перформанс за внатрешната трансформација која директно влијае на надворешното.
Оттука привлекува или одбива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.