| четврток, 6 декември 2018 |

Ти гледам брак и пари: Некогаш беше најпозната гатачка, а сега изгледа вака!

Душица Илиќ, попозната како пророчицата Клеопатра, во домашната јавност се појави на почетокот на деведесеттите години, паралелно со воените судири на Балканот.

Многумина во тој период од крвпоролевањата, прогните бараа утеха во зборови на, како што таа се нарекуваше, кралицата на пророците. Сите сакаа да дознаат дали ќе имаат пари, мир, дали ќе им се појави некоја љубов во животот. За сите нив Клеопатра беше светло на крајот на тунелот кое им ја даваше потребна сила да продолжат.

Сепак малкумина знаат дека таа пред своите таленти за видовитост и помагање на луѓето со натприродни сили, се обидувала да се пробие како пејачка, а се зборувало и дека таа всушност кога се родила била машко, па подоцна го променила полот.

Сега Клеопатра веќе ја нема во јавноста. Наводно таа сега живее во БиХ, но ретко се појавува во јавноста. Има и свој профил на социјалните мрежи, каде објавува свои фотографии, каде скоро е непрепознатлива.

Еве како таа изгледа сега

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top