На сцената на Македонската опера и балет повторно ќе биде поставен балетскиот спектакл „Клеопатра“, кој ќе се игра на 14.11.2018 и 17.11.2018 со почеток од 20 часот.
„Клеопатра“ на реномираниот кореограф Василиј Медведев е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.
За „Клеопатра“,специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, сценограф / костимограф: Павол Јураш од Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција. Во главните улоги настапуваат првенците:
Клеопатра: Александра Мијалкова
Цезар: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марк Антони: Бобан Ковачевски
Октавија: Марија Кичевска Шокаровска
Змија: Мими Поп Алексова Атанасовска
Солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на МОБ.
Диригент е Бисера Чадловска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.