Во Прилеп вчера се оддржа 16. меѓународен карневал „Прочка 2017“. Продефилираа околу 1.500 учесници со традиционални и современи маски.
Според градоначалникот Марјан Ристески карневалот претставува еден своевиден спектакал.
-Прочка претставува вистински туристички бренд не само на градот туку и на цела Македонија, нека е за многу години денешниот празник – изјави Ристески.
Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, карневалот Прочка секоја година е помасовен:
И овогодинешниот карневал е во знакот на смеата и хуморот како и сите останати досега, а за тоа допринесоа и гостите од Врњачка Бања, Шабац, Београд, Бела Црква, Украина, Бугарија, Италија ,… од година во година овој фестивал се повеќе и повеќе расте, а оваа година карневалот беше збогатен и со научна конференција, велат од Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.