Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека маските не го решаваат проблемот на луѓето со аерозагадувањето, но дека сè уште ги утврдуваат бројките на колку деца им се потребни и бараат начин како да ги дистрибуираат до граѓаните.
– Извлековме првични податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски сè уште се утврдува и бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита. Ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата – рече Филипче.
Оваа мерка за ризичните групи тој вчера ја најави по реакција на граѓаните на социјалните мрежи, кои веќе со недели алармираат на загадениот воздух, кој е 10 до 11 пати над дозволеното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче најави нов тендер за реагенси од 35 милиони евра
-
Филип Димишковски е првиот пациент во Македонија кому му е извршена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Кој ќе лапне 840.000 евра од Министерството за здравство со новиот тендер?