Тодор Гечевски нема да игра за македонската репрезентација на Европското првенство во Словенија во септемрви, објави порталот „МКД“. Гечевски има 36 години, но одигра извонредна сезона за МЗТ Скопје и се очекуваше да одигра уште на ЕП годинава и потоа да се прости од настапите во националниот дрес.
„Знам дека јавноста очекува да тргнам по стапките на Антиќ и на Илиевски, но едноставно не можам уште еднаш да го подложам своето тело на толкави напори. Имам 36 години, јас сум семеен човек со вообичаени обврски и секојдневни проблеми и, искрено кажано, не паметам кога последен пат сум имал слободно лето за да го посветам на најблиските. Кажав крај и стојам на тој збор. Останувам цврст на ланското решение“, е изјавата на популарниот Тоше за „МКД“.
Одлуката на крилниот центар да не игра му создава главоболки на селекторот Алеш Пипан бидејќи и вториот репрезентативец на таа позиција, Кирил Николовски, нема да биде подготвен за настап поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.