Никола Попоски, министерот за надворешни работи, лично во Брисел ги слушна проценките на Европската комисија. Првиот човек на Директоратот за проширување, Стефано Санино, му соопштил дека нема дилеми, преговори тешко да добиеме.
– Донесувањето на одлуката за почеток на преговори за нас е многу јасна, а и очекувањата на Комисијата се на иста линија. Извесно е дека Република Македонија долг временски период заслужува да ги почне преговорите и исто толку е извесно дека Република Грција не е подготвена за поддршка, а без нејзина поддршка тоа не може да се случи – истакна Попоски, потсетувајќи дека пред десет години е дадено ветувањето за проширување на Унијата со земјите од западен Балкан.
Иако остануваат уште неколку недели со состанокот на ЕУ, Македонија не се откажува. Попоски вели дека земјава и натаму ќе води агресивна дипломатија кон земјите-членки за да ги убедува дека земјава е подготвена и заслужува да биде што поскоро членка на унијата. Попоски денес е поканет на вечера кај еврокомесарката Кетрин Ештон. Тој заедно со сите министри за надворешни работи на Унијата ќе разговараат за актуелните проблеми со кои се соочува Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.