Само ветување за приклучување кон Европската унија може да ги промени поранешните советски републики, изјави еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
– Доколку сериозно планираме да му помогнеме на тој дел од Европа, треба да сфатиме дека спогодбата за асоцијација е само првиот чекор. Следниот треба да биде светлината на крајот од тунелот – посочи тој на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен.
Не можеме да ги промениме тие земји без да го искористиме најмоќниот инструмент, проширувањето, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.