| четврток, 6 декември 2018 |

Тишината во Брисел ја покажа немоќта на ЕУ

Со­ве­тот на ЕУ по­ми­на. Оче­ку­ва­но или не, нај­а­ву­ва­но или не, но бри­сел­ско­то иг­но­ри­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја оста­ви грд бе­лег и про­стор за не­ми­нов­но­то чув­ство на ре­волт. Ста­ва­ње­то на проб­ле­ми­те под те­пих и не­о­тво­ра­ње­то на пра­ша­ње­то им го­ди единс­тве­но на европ­ски­те чел­ни­ци. Ова е еден од поз­на­ти­те мо­ду­си за из­бег­ну­ва­ње на проб­ле­ми­те и по­втор­но бес­пред­мет­но убе­ду­ва­ње со Ати­на, кое се­ко­гаш, по пра­ви­ло, за­вр­шу­ва со ве­то. Пет­те пре­по­ра­ки на Европ­ска­та ко­ми­си­ја не се до­вол­ни за да­тум за пре­го­во­ри. Из­го­во­ри се­когаш ќе се на­о­ѓа­ат, а, од дру­га стра­на, не­е­динс­тво­то по­сто­ја­но ќе ви­си над др­жа­ва­та.

И по­крај сѐ, поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те се сог­лас­ни де­ка не се слу­чи ни­што дра­ма­тич­но за Ма­ке­до­ни­ја и оти со овој чин, по којз­нае кој пат, Уни­ја­та јав­но ја де­мон­стри­ра­ше сво­ја­та не­моќ. Во из­ја­ва за „Ре­пуб­ли­ка“, по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти и се­га­шен пре­тсе­да­тел на со­бра­ни­ска­та Ко­ми­си­ја за над­во­реш­на по­ли­ти­ка, Ан­то­нио Ми­ло­шо­ски, и по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор Зво­ни­мир Јан­ку­лов­ски се сог­лас­ни де­ка Ма­ке­до­ни­ја не смее да за­ста­не на па­тот кон Бри­сел и да по­ка­же сла­бост. Ти­ши­на­та ја по­ка­жа не­мо­ќта, ве­ли Јан­ку­лов­ски.

–       Ве­лат де­ка нај­го­ле­ми­те ла­ги се ка­жа­ни во ти­ши­на. Ти­ши­на­та на Европ­ска­та уни­ја за пра­ша­ње­то на отво­ра­ње­то на при­стап­ни­те раз­го­во­ри за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е одраз на не­мо­ќта на Уни­ја­та да би­де ре­зи­стент­на на при­ти­со­ци­те на ед­на од неј­зи­ни­те член­ки што го ус­ло­ву­ва при­е­мот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со ре­ше­ние на дво­де­це­ни­ски­от спор за име­то по неј­зин мо­дел, по це­на да от­ста­пи од прин­ци­пи­те и вред­но­сти­те на кои е по­ло­же­на. Го­во­реј­ќи за на­ша­та оп­се­сив­ност и фас­ци­на­ци­ја со Европ­ска­та уни­ја, би са­кал да на­по­ме­нам де­ка па­тот кон Уни­ја­та е во ос­но­ва пат кој, со неа или без неа, тре­ба да го изо­ди­ме ние са­ми­те. Не за­ра­ди Уни­ја­та и членс­тво­то во неа, ту­ку за­ра­ди нас са­ми­те – гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Гле­дам, до таа ме­ра го фе­ти­ши­зи­рав­ме да­ту­мот за пре­го­во­ри што за­бо­ра­ва­ме де­ка ре­фор­ми­те што се во тек се во функ­ци­ја на гра­де­ње одрж­ли­ви де­мо­крат­ски ин­сти­ту­ции кои ќе би­дат спо­соб­ни да ги ап­сор­би­ра­ат европ­ски­те стан­дар­ди и европ­ска­та вред­нос­на ма­три­ца, а се во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и уна­пре­ду­ва­ње на нив­на­та бла­го­со­стој­ба. Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да го про­дол­жи па­тот кон Европ­ска­та уни­ја и по­крај си­те фру­стра­ции што ги про­жи­ву­ва­ме на тој пат. Мо­ра да се из­диг­не­ме над си­те дип­ло­мат­ски не­дос­лед­но­сти и уце­ни и да по­ка­же­ме де­ка сме дел од европ­ско­то се­мејс­тво на на­ро­ди, без ог­лед на тоа кол­ку не­кој се тру­ди да го одре­че тоа. Мо­ра да оста­не­ме дос­лед­ни на овој пат иа­ко е не­мож­но да го изо­ди­ме без под­др­шка од Уни­ја­та. Под­др­шка ко­ја не­ма да би­де са­мо дек­ла­ра­тив­на, ту­ку ви­стин­ска, вели Јанкуловски.

Ве­ќе на­вик­нав­ме и зна­е­ме да жи­ве­е­ме со тоа, се на­до­вр­зу­ва Ми­ло­шо­ски, кој, се­пак, ве­ли де­ка по нив­ни­те ре­ак­ции и адре­си­ра­ње­то на ви­на­та са­мо кај Ма­ке­до­ни­ја, Ше­ке­рин­ска и Бе­си­ми би пад­на­ле на ек­стер­но за евро­ин­те­гра­ции.

– Пр­ви­от че­кор е на јав­но­ста и на ме­ди­у­ми­те, а тоа е де­ка не­ма по­тре­ба од дра­ма­ти­зи­ра­ње и раз­о­ча­ру­ва­ња за не­што што си­те го оче­ку­вав­ме – ЕУ по­втор­но да не по­стиг­не кон­сен­зус за слу­ча­јот на Ма­ке­до­ни­ја. Ве­ќе на­вик­нав­ме на тоа и зна­е­ме да жи­ве­е­ме со тоа. Ма­ке­до­ни­ја има по­твр­да де­ка ги ис­пол­ни си­те ре­ле­вант­ни кри­те­ри­у­ми за по­че­ток на пре­го­во­ри­те. Тоа е на­ша­та об­вр­ска и таа дос­лед­но ја ис­по­ра­чу­ва­ме од 2009 го­ди­на на­ва­му. Вто­ри­от че­кор тре­ба да е на ин­сти­ту­ци­и­те и на др­жа­ва­та, а тоа е про­дол­жу­ва­ње со ре­фор­ми­те, по европ­ски стан­дар­ди, за до­бро­то на зем­ја­та, за по­сил­на еко­но­ми­ја и уна­пре­ду­ва­ње на це­ло­куп­ни­от си­стем. Да по­ка­же­ме де­ка во не­кои стан­дар­ди сме и мо­же­ме да би­де­ме по­до­бри и од не­кои зем­ји-член­ки на ЕУ. Тре­ти­от че­кор тре­ба да е кон Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Тре­ба да ни е јас­но де­ка Европ­ска­та ко­ми­си­ја е со­јуз­ник на Ма­ке­до­ни­ја, но, се­пак, е са­мо праг­ма­ти­чен и слаб актер во од­нос на не­праг­ма­тич­ни­от ка­па­ци­тет кој го има Гр­ци­ја за бло­ки­ра­ње на про­це­сот на евро­ин­те­гра­ции. За­тоа и пре­по­ра­ки­те од Европ­ска­та ко­ми­си­ја тре­ба да се зе­ма­ат со ре­зер­ва то­гаш ко­га е очиг­лед­но де­ка Европ­ска­та ко­ми­си­ја не мо­же да го ис­по­ра­ча тоа што го ве­ту­ва, вели Милошоски.

(Целиот текст можете да го прочитате во 44. број на Република кој е во продажба од 5 јули)

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top