| четврток, 6 декември 2018 |

Долго ги чекал, ги добил со инвитро и на крај ги избоде со нож – злосторството уште го „тресе“ Штрпац

bebe

Бебето од Штрпац, кое пред два дена неговиот татко го избоде со нож, успешно заздарвува на Детската клиника во Ниш. Другото бебе денеска е погребано. Мајката на близнаците е во многу лоша состојба под лекови.

-Бебето е стабилно. Тоа е оперирано, но за среќа немаше повреди на виталните внатрешни органи – изјавиле од болницата во Ниш.

Братчето на повредното близначе кое почина од убодите на нож на својот татко, денеска е погребано. Мајката Ана, не присуствувала на погребот, бидејќи се наоѓа во болница со другото бебе, кое го спасила од смрт кога Дејан со нож ги нападнал бебињата.

Според информациите, мајката на децата е во шок и под постојан лекарски надзор

Драган Кузмановиќ, таткото на Ана, рекол дека штотуку родениот внук е погребан во присуство на најблиското семејство. Тој додал дека Дејан пател од депресија и посетувал психијатар. Тој живеел во страв дека некој ќе му ги украде бебињата, кои ги добиле по неколку години брак со помош на вонтелесно оплодување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top