Мустафа Челик, фармер кој живее во селото Ергани, одлучил на својата новородена ќерка да и даде необично име – Евет, што буквално значи „да“ на турски.
Тој ја донел оваа одлука од длабоко чуство на пиетет кон претседателот Ердоган, но и затоа што тој и сите негови роднини имаат намера да гласаат „да“ на уставниот референдум што ќе се одржи на 16 април.
– Јас и мојата жена размислувавме само за референдумот 16. април кога го биравме името за нашата ќерка. Како резултат на тоа одлучувме дека Да (Евет) е добро име. Ја нарековме така зошто ќе кажеме „да“ за уставни промени со референдум – рече Челик.
Во меѓувреме, Зонгул, жената на Мустафа тврди дека е нејзина идеја ќерката да ја крстат Да.
– Јас предложив да и го дадеме тоа име, а мојот маж ме поддржа во одлуката. Нашето село немаше пристојни патишта или водовод, но благодарение на претседателот Ердоган ситуацијата драстично се промени. Значи, тоа е причината поради која ќе гласаме „да“ на референдумот – рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.