Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека официјални лица од Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Велика Британија преслушале аудио снимки во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги што им ги дала Турција.
– Им дадовме снимки. Им дадовме на Саудиска Арабија, САД, на Германците, Французите и Британците. На нив сите. Тие ги преслушале разговорите. Сите знаат, изјави Ердоган.
Тој го повика Ријад да го идентификува убиецот меѓу 15-те од тимот што дошле во Турција неколку дена пред убиството на Кашоги.
– Саудиската влада може тоа да го открие така што ќе ги натера оние 15-на да прозборат, потенцира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.