| четврток, 6 декември 2018 |

Симјановска остана без настап на велеслаломот во Сент Мориц

Македонската скијачка Лидија Симјановска не успеа да се пласира за велеслаломот на Светското првенство во Сент Мориц.

Нашата натпреварувачка во денешните квалификации го освои 46. место со време 2:24:92 минути. Двете велеслаломски трки ги завршија 61 скијачка, а стартуваа 75. Пласман обезбедија само 25. првопласирани. Шеснаесетгодишната Симјановска по првата трка беше на 48. место, воедно таа ќе настапи и во квалификациите за слаломот што ќе се одржи на 17. февруари (петок).

Македонија во Сент Мориц ќе ја претставуваат и шест скијачи во машка конкуренција: Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Лука Божиновски (слалом и велеслалом), Дардан Дехари (слалом), Воислав Синадиновски (слалом), Марјан Нашоку (велеслалом) и Виктор Петров (велеслалом). Сите ќе настапат во квалификациите, кои ќе се одржат на 16. февруари (велеслалом) и 18. февруари (слалом).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top