| четврток, 6 декември 2018 |

Куче херој: Го греело бебето на – 21 степен коe мајката го напуштила

kuce

Мајка го оставила своето двегодишно дете на минус 21 степен Целзиусов во Русија, а од смрзнување го спасило куче кое од детето не се одвојувало два дена.

Детето го пронашле жители од реонот каде било оставено, по што било префрлено во болница со блага хипотермија и изгледнето, но лекарите потврдиле дека ќе биде добро. Како што тврдат, не би преживеало да не бил таму на помош грижливиот пес.

Неодговорната мајка дома се вратила четири дена откако е пронајдено детето, пишува „Сибериан Тајмс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top