| четврток, 6 декември 2018 |

Одбојкарите ја декласираа Украина и се на еден чекор до СП

Македонската одбојкарска репрезентација изненадувачки лесно ја декласира Украина со 3-0 и го освои првото место во квалификациската група од првата фаза, на патот кон Светското првенство во Полска наредната година. По голема борба нашите одбојкари ги добија првите два сета, со 29-27, 25-23, а финишот беше блескав, со прекрасни потези за уживање на публиката. Во завршниот сет ги декласиравме фаворитите со 25-14, за победа без загубен сет и прво место.

По претходните максимални победи против Албанија и Црна Гора, нашите одбојкари денеска во три сета ја решија и енигмата наречена Украина, во СРЦ Кале во Скопје. Македонија во јануари 2014 ќе игра директно во третата фаза од квалификациите за пласман на Светскиот шампионат, прескокнувајќи ги дополнителните квалификации кои треба да се одржат во октомври.

 

Првиот сет беше клучен за исходот на мечот, а нашите одбојкари спасија четири меч топки на противникот, за конечно да го добиеме првиот период со 29-27. Во продолжението веќе беше далеку полесно за избраниците на селекторот Желјасков, кои со 25-23 го добија вториот сет, а беа вистински убедливи од самиот почеток во третиот сет кој го добија со 25-14.

 

Новата млада македонска одбојкарска генерација на убедлив начин ја заврши првата фаза од квалификациите, за прв пат во својата историја обезбеди финални квалификации за пласман на едно Светско првенство, кои ќе се одржат во јануари 2014 година во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top