Откако се обелодени дека првата пејачка на „Слатки грев“, била Спаса Мечанин, нејзината наследничка Лепа Брена откри дека долго време била во нејзина сенка, бидејќи сите зборувале за неа дека е секс бомба, а за Брена дека е промашување.
Сопственичката на Гранд се присети кога на почетокот на осумдесетите дошла во бендот неколку дена по заминувањето на Спаса.
-Се подготвувавме за настап во хотелот, чиј директор ја обожувал нивнатата поранешна пејачка Спаса. Била сензибилна, многу еротична, сексапилна риба, што јас не бев. Некако имав одбојност со 20 и кусур години да ја нагласувам еротичноста, бидејќи веќе бев пренагласена. За свои години, на некој начин бев дрска. Кога дојдовме во хотелот и ме виде директорот онака крупна, полничка и дива му рече на Саша: Господине Поповиќ, мислам дека оваа девојка е промашување. На нас повеќе ни се допаѓаше Спаса, вратете ја неа!Сале застана во моја одбрана:Па ќе видите, Брена само што дојде. Невиден потенцијал е.Само дајте ни можност! Не бев како Спаса, ниту пак негов тип – раскажала фолк дивата во емисијата „Од профил“.
Брена вели дека Спаса оставила голем впечаток на неа, кога ја видела на нејзниот последен настап.
-Отидов во хотелот, каде се запознав со тапанарот и гитаристотот. Им реков:Јас сум Брена, пеев тука спроти, сега студирам во Белград!Ме прашаа дали би сакала да отпеам нешто со нив. Имаа прекрасна пејачка која имаше смарагднозелен комплет и самрагднозелени очи, таа жена беше фасцинантна. Го замолив Поповиќ да отпеам нешто со нив. Ме праша која сум, а јас му реков: Брена!Рече дека имаат пејачка а јас му реков:Да ама немате ваква пејачка!Отпеав четири пет песни и така се почна – заклучила Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.