| четврток, 6 декември 2018 |

Грција не победи во Дејвис купот со 2-1

Предраг Русевски и Стефан Мицов го загубија најважниот меч во игра на двојки од Јакуповиќ и Каловелонис со 3-6, 4-6, па Македонија не успеа да се пробие во втората евро-африканска зона во тенис. Грција беше подобра, победи со 2-1 во полуфиналето од Дејвис купот во Сан Марино и не остави повторно да играме во најнискиот ранг на натпревари, во третата европска зона.

Последниот меч се играше во двојки, а нашиот тандем Русевски и Мицов, немаше сили за подвиг и загуби на земјените терени во Сан Марино.

А, полуфиналето почна како што посакувавме. Искусниот Предраг Русевски во првиот сингл меч, со 2-1 во сетови го победи Каловелонис и ни донесе предност од 1-0 во поени. Имавме значајна предност, но за жал во продолжението Грците беа подобри. Јакуповиќ со 2-0 го победи Шендрит Деари, со што Грција израмни на 1-1. Доцна попладне почна и решавачкиот меч во двојки, што го загубивме па дома се враќаме со празни раце.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top