| четврток, 6 декември 2018 |

Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“

Обвинител во Грција започна истрага откако спортски коментатор го нарече црномурестиот кошаркар Танасис Адетокумбо „мајмун“. Такис Цукалас го направил овој коментар на 9 ноември, откако тимот на Андетокунбо – Панатинаикос го победи Олимпијакос со 93:80 во Евролигата.

– Тие имаат мајмун. Овој човек Адетокумбо е мајмун, ви велам!“, изјави коментаторот. „Што прави овој кловн? Како не му е срам да прави неговиот брат да изгледа лошо?“, додава тој.

Цукалас енергично ги негираше тврдењата дека неговиот коментар е расистички и инсистираше на тоа дека имал на ум што се случувало на теренот. Танасис Андедокумбо е поголем брат на НБА кошаркарот, Јанис Адекумбо и Костас Адетокумбо.

Јани ги дефинираше зборовите на коментаторот како расистички.

– Не можам да спијам во последните неколку дена поради овој негативен расистички инцидент што се случи неодамна. Ако тоа му се случува на Танасис кој со гордост и со постојана насмевка ја презентира грчката репрезентација и Панатинаикос, не можам да замислам што ќе се случува со останатите обоени луѓе во Грција, напиша кошаркарот на Милвоки Бакс.

Танасис не сакаше да коментира за инцидентот кога го прашаа новинарите во неделата.

– Немам што да ви кажам, мораме да се сакаме и да бидеме обединети, рече кошаркарот.

Браќата се родени во Атина во нигериско семејство.

Луѓето кои се прогласени за виновни за расизам може да бидат осудени на три години затвор, според законот усвоен од парламентот во 2014 година, потсетуваат грчките медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top