| четврток, 6 декември 2018 |

Место во Фени, Крстиќ во Карпош Соколи!

nemanja krstic

Фени Индустри остана без планираното засилување, српскиот интернационалец Немања Крстиќ, кој, место во Кавадарци, заврши во Скопје откако потпиша за тимот на Карпош Соколи.

Трансферот на младиот бек Крстиќ во Фени Индустри беше речиси договорен, но тој го извиси клубот откако во последен момент се реши да потпише за екипата на Карпош Соколи, каде што ќе биде замена за Зоран Вркиќ, кој го повреди коленото.

Така стручниот штаб и управата на клубот од „Јасмин“ ќе мора во краток период да реагираат и да пронајдат ново решение во пресрет на стартот на завршницата од Купот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top