| четврток, 6 декември 2018 |

Кочо Анѓушев излажа, Фени оди во стечај

Металуршкиот комбинат „Фени“ оди под стечај. Трите најголеми кредитори, Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк роуд банка, денес во Основниот суд Велес поднеле предлог за отворање стечајна постапка за металуршкиот комбинат „Фени индустри“.

Комбинатот им должи 40 милиони евра на трите банки. Хари Костов, директор на Комерцијална банка, рече дека стечајот не го поведуваат за да ја затворат фабриката, туку за да иницираат побрзо изнаоѓање решение за сегашните лоши состојби.

– Стечајот значи дека ‘Фени’ ќе добие време за реструктуирање, за репрограмирање на долговите и период во кој трите банки кредитори на индустрискиот комбинат интензивно ќе бараат инвеститор што ќе биде сериозен во намерите фабриката да работи, изјави Костов.

Досегашните преговори со бугарската компанија „Енекод“ не биле успешни. Компанијата понудила нереално мали суми за отплата на долгот и речиси никаква гаранција за вкупниот долг.

Стечајот засега околу 850 вработени.

Сето ова беше соопштено на брифинг организиран од старана на Владата на Македонија, на кој присуствуваа вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и претставници на трите банки. Преговорите со „Енекод“ и за Владата и за банките се без епилог, така што, според нив, оваа компанија лажно се престставува како нов сопственик на „Фени“ бидејќи банките како најголеми кредитори немаат одобрено преземање на сопственоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top