На кавадаречкиот гигант„ Фени Индустри “му се заканува стечај. Имено поради долговите кои ги имал Фени сметката на овој гигант му беше блокирана . Во јавноста излезе и информацијата дека и дозволите за извоз се одземени.
Според информациите на канал 77 директорот, на Јусуф Мирмедов му биле веќе подготвени куферите за да бега, а негов човек бил оставен да ја контролира ситуацијата, да ги заплашува и замолчува. Велат дека трпението на работнците е при крај, зашто скоро цела година гледале како ја упропастуват фабриката, продавале се шо можело да се продаде а фирмите ќерки на Фени ги дале подарок на нивни блиски луѓе за да пумпаат пари од нив. Според канал 77 работниците тврделе и дека сегашното раководство натрупало долгови спрема сите добавувачи, транспортери, банки, а покрај тоа работниците секојдневно живеат, со притисоци, малтретирање, драстично намалени плати кои доцнеле и не се сеќаваат кога последен пат зеле плата пред 20 во месецот.
Инаку, актуелниот вице-премиер Кочо Анѓушев изјави дека има нов купувач за Фени и дека превозниците кои имаат средства за наплаќање од Фени Индустри ќе ги добијат своите пари денеска. Имено, Фени Индустри на локалните шпедиции им должи околу 5 милиони евра кои не се уште исплатени. Изминатиот период исто така и кандидатот за градоначалник од страната на СДСМ Бетиан Китев беше во посета на владата на Р. Македонија на средба со вице- премиерот Кочо Анѓушев. Тој истакна дека разговарале за состојбата во Фени за исплатата и наплатата на доверителите и изјави дека Анѓушев ветил дека до крајот на следната недела Фени ќе добие нови сопственици кои ќе ги исплатат долговите кон доверителите меѓу кои и транспортерите превозници кои работат за Фени. Ова Бетиан Китев кандидатот за градоначалник од страната на СДСМ го изјави на 06. Октомври 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.