Машката кугларска репрезентација на Македонија забележа прекрасен успех, и ќе игра за златен медал ,откако попладнево славеше против големиот фаворит Србија со 5-3, во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува во Залаегершег, Унгарија.
Македонија за првпат во својата историја се пласира во финале на еден Светски шампионат, а победена е Србија со 3913-3909.
Во финалето, нашата репрезентација во чиј состав се Фучкар, Соколовски, Бенедик, Влаќевски, Штоклас и Трпковски, утре ќе се сретне со домаќинот Унгарија. Сребрениот медал е обезбеден, а нашите куглари најавуваат атак и на светската шампионска титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.