Бојан Влаќевски од КК Вардар (Скопје) со освоени 645 поени го освои првото место во поединечна конкуренција на Меѓународниот кугларски натпревар кој се одржа викендов по повод Денот на независноста во кугланата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Веднаш по него второто место му припадна на Иван Тотиќ од КК Мертојак (Сплит) со 639 поени и третото на Урош Јагличиќ од КК Београд (Белград), 629.
Екипно најдобри беа КК Београд од Белград со освоени 3607 поени, втори ККПартизан од Белград (3545 п. ) и трети Мартојак од Сплит (3513 п. ).
ККВардар освоија 3445 поени, Калцит (Камник) -3288 и ГТЦ Мусандра од Скопје 3235 поени.
Организатор на натпреварот беше КК Вардар од Скопје, кој е домаќин втора година по ред.
Тие имаат за цел да го афирмираат овој спорт, во кој како што велат се вложува најмалку, а се постигнуваат најдобри резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.