| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со седум скијачи на Светското првенство во Сент Мориц

Од утре започнува Светското првенство во алпско скијање, кое ќе се одржи во швајцарскиот зимски монденски центар Сент Мориц, а ќе трае се до 18 февруари.

Дел од Мундијалот ќе биде и Македонија, која ќе настапи со седум скијачи, шест во машка и една во женска конкуренција. Боите на нашата држава ќе ги бранат Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Лука Божиновски (слалом и велеслалом), Дардан Дехари (слалом), Воислав Синадиновски (слалом), Марјан Нашоку (велеслалом) и Виктор Петров (велеслалом) во машка конкуренција, како и единствената девојка, Лидија Симјановска, која ќе настапи во слалом и велеслалом.

makedonski skijaci 1

Нашиот тим во Сент Мориц ќе биде предводен од тренерот на алпскиот тимот Иван Лесевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top