| четврток, 6 декември 2018 |

Меџик Џонсон се врати во ЛА Лејкерс

Легендарниот кошаркар Меџик Џонсон, повторно се враќа во клубот каде стекна голема слава, во Лос Анџелес Лејкерс, но сега во нешто пододредена улога, не како играч.

Џонсон ќе биде дел од кошаркарскиот совет на „езерџиите”, тоа го потврдија медиумите кои се блиски до овој клуб од „Стејплс центар”, а подоцна и претседателот на овој клуб.

Пресреќни сме и почестени што Меџик е повторно дел од нашиот клуб. Неговото знаење и стручност ќе бидат од голема помош за нас, а јас посебно се радувам што ќе соработувам со него, истакна претседателот на клубот, Џени Бас.

Сите знаат за мојата љубов кон „езерџиите“. Низ годините размислував дали да прифатам неколку менаџерски понуди од различни клубови, но овој клуб остана моја единствена и прва опција. Јас ќе дадам се од себе за да помогнам, да ја вратам екипата таму каде што припаѓа, а тоа е меѓу елитата во НБА, истакна Меџик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top