Екипата на Бостон ќе бира прва на следниот НБА драфт, а оваа сезона обезбеди место во Источното конференциско финале. Тимот од „ТД Гарден“ имаше само 25 проценти шанса да го бира првиот пик, а тоа е последица на трампата со Бруклин во која се откажаа од Кевин Гарнет и Пол Пирс.
Генералниот менаџер на Селтикси, Дени Ејнџ направи одлична работа, а пред себе имаат избор меѓу Меркел Фулц, Лонзо Бол и Џејсон Тејтцум. Постои и таква опција со која ќе направат размена на првиот пик со некоја суперѕвезда како Џими Батлер од Чикаго или пак, Пол Џорџ од Индијана.
ЛА Лејкерс ќе го бира вториот пик, а најмногу интерес има за услугите на Лонзо Бол. Трета ќе биде Филаделфија, четврт Феникс, па следуваат Сакраменто, Орландо, Минесота, Њујорк, Далас и уште еднаш Сакраменто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.