Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го добија градското дерби во дуелот со Клиперс во кој славеа со 111-102, благодарение на пресвртот во последниот период од мечот во кој постигнаа 34 поени, а примија само 16. Петмина стартери кај Лејкерси имаа двоцифрен број на поени, а најпрецизни во победничкиот тим беа Ник Јанг и Тимофеј Мозгов со по 19 поени.
Оклахома славеше протов Минесота со 112-100 и ја забележа третата победа по ред. Расел Вестбрук не постигна „трипл-дабл“, но мечот го заврши со 32 поени, 15 скока и 7 асистенции. Одличен натпревар одигра Стивен Адамс, кој крај своето име запиша 22 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)