| четврток, 6 декември 2018 |

Меџик Џонсон тргнува во офанзива, го презема раководењето на Лејкерс

medzik jonson

Легендата на Лос Анџелес лејкерс, Ирвин Меџик Џонсон, ја презема челната позиција во клубот. Во новата реконструкција на клубот од ЛА, од раководството на „езерџиите“ си заминуваат долгогодишните директори, Џим Бас и Мич Купчак кои речиси две децении ја креираа политиката на клубот.

Бас 19 сезони беше претседател и креатор на сите активности на тимот од „Стејпл центар“, додека Купчак беше 30 години во „Лејкерси“, а од тоа 17 години како генерален менаџер.

ЛА Лејкерс и оваа сезона се далеку од старата слава со статус на еден од најслабите тимови во НБА лигата со скор од 19 победи и 39 порази пред ол-стар викендот, што е трет најслаб резултат од сите тимови во Западната конференција.Минатата сезона имаа најслаб учинок со само 17 победи и 65 порази. На Лејкерс ова ќе им биде четврта сезона по ред во која не играат во плеј-офот што е најлоша серија во историјата на клубот.

Меџик Џонсон беше една од најголемите ѕвезди во најславните денови на тимот од Лос Анџелес. Тој ги предводеше лејкерси до пет шампионски титули во 80-те години, а по завршувањето на играчката кариера, често имаше некои помали функции во клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top