По фијаското со Note 7 и истрагата која следеше, и судејќи според се, на Самсунг Галакси S8 ќе мора да почекаме.
Тоа не значи дека Самсунг нема изненадување за нас. Нешто планира да претстави на светот на настан закажан за 26 февруари, а се шпекулира дека се работи за таблет.
Ова не открива многу работи, но бидејќи Galaxy Tab S3 неодамна доби сертификат од Комисијата за комуникации на САД, можно е да станува збор за тој уред.
Според шпекулациите, Galaxy Tab S3 ќе биде опремен со Snapdragon 820 процесор, 4GB RAM и камера од 12 мегапиксели (плус селфи камера од 5 мегапиксели).
Според некои гласини, уредот ќе биде достапен во две големини, исто како и Galaxy Tab S2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Самсунг го „замрзна“ развојот на Галакси С8 поради истрагата за експлозиите на Ноут 7
-
Самсунг ги предупреди корисниците: Веднаш исклучете го овој наш телефон, не е сигурен за користење
-
„Самсунг“ го запре производството на „галакси ноут 7“
-
По мобилните, сега екплодираат и машините за перење на „Самсунг“


