| четврток, 6 декември 2018 |

По мобилните, сега екплодираат и машините за перење на „Самсунг“

По глобално повлекување на смартфонот „Galaxy Note 7“ поради технички проблеми, „Самсунг“ најави дека преговара со американски регулатор во врска со потенцијални проблеми поврзани со дел од машините за пререње на компанијата, пренесува Ројтерс.

Јужнокорејскиот технолошки гигант го објави ова, откако Комисијата за безбедност на потрошувачките стоки во САД (CPSC) предупреди дека дел од машините на фирмата имаат дефекти. Малку пред тоа да се случи, некои медиуми објавија дека имало случаи на експлозии.

Машини за перење, кои се отвораат од горе, се произведени меѓу март 2011 година и април 2016 година, објавија од компанијата и CPSC.

– Во ретки случаи засегнатите примероци можат да извршат ненормални вибрации кои ќе создадат ризик од повреда или оштетување на имотот при перење на пообемни и водоотпорни производи, посочуваат од „Самсунг“ на својот вебсајт.

Компанијата изјави дека корисниците кои ги поседуваат наведените модели, треба да користат помала брзина при перење на таквите материјали.

„Самсунг“ не споменува точно кои се моделите, но бара корисниците да ги проверат сериските броеви на перење, за да утврдат дали се од неисправните. Не е познато и колку се неисправните примероци и дали се само во САД.

Истовремено компанијата се соочува со американски корисници кои поднеле тужба во суд во Њу Џерси на 12 август, во кој се наведува дека нивните машини „експлодирале при нормална употреба“. Од компанијата не одговориле веднаш на барањето за коментар на оваа тема.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top