Јужнокорејскиот гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти дека го запира производството на смартфонот „галакси ноут 7“, по големиот број случаи на експлодирање на овие уреди.
„Самсунг“ овој потег го навести на 2 септември, со замената на 500.000 уреди со нови, поради проблемите со акумулаторните батерии, коишто честопати експлодираат сами од себе. Комисијата за безбедноста на потрошувачките производи во САД претходно официјално повика на прекин на употребата на овие смартфони, оти тие претставуваат опасност и издејствува повлекување на околу еден милион веќе продадени примероци во САД.
Откако и новите уреди се покажаа дефектни, се преоѓа кон целосно повлекување.
Според ТАСС, компанијата ја донела оваа одлука во согласност препораките на здруженијата одговорни за сигурноста и заштитата на потрошувачите во Јужна Кореја, САД и Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.