| четврток, 6 декември 2018 |

Самсунг го „замрзна“ развојот на Галакси С8 поради истрагата за експлозиите на Ноут 7

samsung-galaxy-s8-concept-635x355-1_nowat

Јужнокорејскиот технолошки гигант Самсунг го одложи развојот на новиот паметен телефон со ознака Галакси С8 поради истрагата во врска со експлозиите на моделот Галакси Ноут 7, а неговите програмери досега не успеаја да ја откријат причината за инцидентите, пишува весникот Вол Стрит Журнал повикувајќи се на извори од групата која се занимава со разработката на новите модели.

Компанијата го „замрзнала“ развојот на проектот и ги насочила своите инженери да ги утврдат причините за дефектите на моделот Галакси Ноут 7, пишува весникот.

Според мислењето на експертите, причина за експлозиите може да биде софтверот кој ја регулира работата на батеријата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top