Фудбалската федерација на Австралија (ФФА) во соопштение се огласи за случајот Горан Пандев и за наводното блокирање на трансферот на македонскиот фудбалер во Австралија поради проблем со „селари-кап“.
Во последниот ден од преодниот рок се појави информација дека пропаднал трансферот на Пандев од Џенова во Сиднеј поради надминат буџет на тимот, но сепак, од ФФА велат дека австралиската екипа не испратила официјално барање за трансфер на струмичанецот.
– Имаше неформален разговор меѓу ФФА и претставници на Сиднеј околу темата дали фудбалер ќе ги исполни критериумите за странец. „Селари-капот“ не беше тема на разговор. Не беше испратено официјално барање од страна на Сиднеј до федерацијата – стои во соопштението.
Пандев оваа сезона добива шанса од клупата во дресот на Џенова и уште го чека првиот гол во првенствата по 2014 година. Македонецот даваше голови само во Купот на Италија каде Џенова доживеа елиминација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.