| четврток, 6 декември 2018 |

Балардини: Во Лацио ми беше забрането да го играм Пандев, сега ќе биде поинаку

Давиде Балардини официјално беше претставен како нов тренер на Џенова, а во своето прво обраќање пред медиумите, поранешниот предводник на Лацио и Палермо посочи дека негов приоритет е да им даде поголема шанса на искусните играчи кои знаат да се справат со вакви ситуации во каква западна тимот од „Луиџи Ферарис“.

– Ги познавам играчите и мислам дека имаме многу интересни фудбалери во тимот. Проблемите се големи, но кога има надеж и ентузијазам, може да се заврши добра работа. Мојот план е да пристапиме кон нов стил на игра, да играме понапаѓачки. Мислам дека во тимот има доволно играчи кои можат да одговорат на моите идеи.

– Џенова има се што е потребно за да остане во елитата и навистина со нетрпение чекам да играм со Пандев и Ригони. Претходно бев во позиција да потпишам за клуб во кој ми беше забрането да го селектирам Пандев, тој имаше проблеми со обновувањето на договорот. Морав да го прифатам тоа и покрај фактот што Пандев е неверојатен играч. Истото важи и за Ригони, и тој имаше проблеми. Тие се двајца многу важни играчи и многу добри луѓе. Максимално сум горд што ги имам во мојот тим, посочи Балардини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top