| четврток, 6 декември 2018 |

Дете се бори за живот, пронајдено e во несвест на патот Охрид-Ресен

Дванаесетгодишно момче се бори за живот откако вчера било пронајдено во несвест на патот Охрид-Ресен кај депонијата „Буково“, објави „Курир“.

Од МВР информираат дека случајот кај нив бил пријавен во 16.50 часот. Малолетникот, според полициските информации, паднал и се удрил во депонијата „Буково“. Медицинска помош му е укажана во битолската болница, но поради тешките и сериозни повреди момчето е пренесено на КАРИЛ во Скопје каде што се бори за живот.

Од полицијата додаваат дека работат на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top