| четврток, 6 декември 2018 |

Јамаха со нови крилца ќе се обиде да ја подобри аеродинамиката на моторите

jamaha

Мото ГП екипата на Јамаха денеска ја покажа алтернативата откако ФИА ги забрани постојните аеродинамички крила на моторите.

Валентино Роси и Маверик Вињалес поминаа неколку круга со новиот дизајн на моторот со аеродинамичките крила, кои се скриени зад пошироките странични штитници. За да го задржат нивото на аеродинамичниот притисок, конструкторите најдоа решенија, кое веруваат дека ќе биде успешно.

Масимо Мерегали соопшти дека целта е да бидат направени проверки и споредби од двајцата официјални пилоти на тимот, па потоа да се тестираат времињата на Роси и на Вињалес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top