| четврток, 6 декември 2018 |

Валентино Роси се враќа во Арагон

Најдобриот мотоциклист во моментов, Италијанецот Валентино Роси, ја напуштил болницата каде беше опериран откако заработи скршеници по излетувањето со својот мотоцикл на тренинг, а неговиот хирург, Рафаеле Паскерала, вели дека по 30 дена тој ќе може комплетно да им се врати на своите активности во Мото ГП шампионатот.

Сепак, нешто што не изненадува премногу е фактот што “Докторот” има малку поинаков план и не планира толку долг принуден одмор.

Главна цел на Роси е да се врати за трката во Арагон, Шпанија, која се одржува на 24 септември, што значи дека има помалку време за рехабилитација од она што го препорачува неговиот хирург.

Во овој случај, Роси би пропуштил само една трка и тоа неговата омилена во Мисано која е закажана за следниот викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top