Папарацо фотографите го уловија славниот Валентино Роси во прилично интересна ситуација на неговата јахта во италијанскиот град Пезаро. Легендата на MotoGP го искористи одморот и убавите денови да ѝ се посвети на својата избраничка, а несвесни дека се на мета на фотографи, прилично се заиграа…
Тие уживаа во размена на нежности, а 22-годишната Франческа Софија Новело дури и го соблече горниот дел од костимот за капење, притоа заземајќи прилично провокативни пози.
Инаку, Роси веќе неколку месеци ја дели постелата со оваа манекенка за долна облека, а таа од славниот Италијанец е помлада дури 15 години.
Ја нарекуваат „италијанската Брук Шилдс” поради сличноста со американската актерка. Моментално има повеќе од 120.000 фанови на Инстаграм, а нејзината популарност расте од ден во ден.
Тамошните медиуми пишуваат дека Франческа го препородила Валентино. 39-годишниот мотоциклист се колнел дека засекогаш ќе остане ерген и дека нема жена која ќе го смири. Сепак, Франческа тоа го променила, барем на некое време – бидејќи спортистот во целост и е верен и посветен.
А ако подобро ги погледнете нејзините фотографии – ќе ви биде јасно зошто го полудела Валентино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.