Светот на мотоциклизмот се прашува дали Валентино Роси и следната сезона ќе вози во светскиот шампионат во МотоГП. По најавите дека Роси ќе се пензионира, тој за италијанските медиуми искрено откри како размислува.
„Докторот“ е компетитивен и смета дека пензијата може да ја одложи ако постои пасијата и шанса за титула.
– Кога го потпишав договорот, помислив дека тој би можел да ми биде последен, но сепак не бев целосно сигурен. Ќе одлучам на почетокот на следната сезона. Ако уште сум компетитивен и победувам, тогаш сакам да продолжам – смета италијанскиот ас.
Роси минимално заостанува зад лидерот Довициозо и продолжувањето на договорот се смета за реална опција. Големиот број негови фанови се обидуваат да го одрекнат од идејата да замине во пензија, бидејќи овој спорт без Роси ќе загуби на публицитет и гледаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Нов скандал: По „Нисан“ и „Сузуки“, „Мазда“ и „Јамаха“ признаа фалсификат
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош