Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски денеска оствари средба со делегација на Атлантскиот совет од Вашингтон.
Делегацијата, како што соопшти МНР, е во посета на земјите од регионот со цел развивање на стратегија за решавање на заедничките предизвици кои ја отежнуваат евроатлантската интеграција и севкупниот просперитет.
-САД може да бидат многу корисни за стабилноста во регионот. Македонија цели кон обезбедување на предвидливост и економски напредок за своите граѓани. На тој пат, секако од помош ќе биде членството во НАТО и ЕУ, како и развивањето на добри односи со соседите. Првото зависи во голема мера и од политиките на САД, додека за второто мора сами да се погрижиме во регионот, истакна министерот Попоски.
Извршниот директор на американскиот Атлантски совет, Дејмон Вилсон ја потврдил поддршката за реафирмирање на македонските интереси пред новата американска администрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.