| четврток, 6 декември 2018 |

„Лимак“ одлучи, завршницата од Купот на Македонија ќе се игра во Кавадарци

Организаторот „Лимак Холдинг“ и Македонската Кошаркарска Федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17 до 19 февруари. Од организаторите искажуваат особена благодарност до кошаркарскиот клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата.

На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.Четвртфиналните натпревари ќе се играат во еден ден. И тоа со натпреварувачки броеви во кои МЗТ Скопје и Карпош Соколи (не играат во првиот дел) ќе бидат дел од „привилегираната” група од четири клубови, заедно со првопласираните две од првиот дел од сезоната (екипите на Работнички и на Фени Индустри).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top